Search

Маска од ориз – совршена замена за скапите козметички производи

Сакате младешка, убава и блескава кожа, но не сакате да трошите премногу пари на прескапи производи? Оваа маска е совршена замена.

Оризот е поврзан со здравата исхрана, а исто така и маската од ориз може да овозможи убавина која не сте мислеле дека можете да ја постигнете досега. Оризот содржи антиоксиданти за кои е познато дека ги намалуваат брчките и го забавуваат процесот на стареење. Таа помага и за намалување на иритацијата на кожата и се користи за спречување на акните.

Како да ја подготвите?

Во 1 тенџере ставете 2-3 лажици ориз и варете додека не омекне. Потоа исцедете го оризот внимавајќи да ја задржите течноста од варењето (не ја фрлајте таа вода). Потоа, во студена вода измијте го сварениот ориз.

Во водата во која се варел оризот додајте 1 лажица млеко и 1 лажица мед и добро измешајте. Ставете ја на вашето лице и оставете да отстои околу 20 минути. Потоа, измијте го лицето со студената вода во која го измивте оризот.

Брзо ќе забележите дека вашата кожа се менува, односно дека ќе стане посветла, посјајна. Можете да ја применувате оваа маска 3-7 пати неделно.

Треба да знаете
Последни објави