Search

7 начини за борба против есенските настинки по природен пат

Со есента доаѓа и сезоната на настинки, а на организмот можете да му помогнете да се избори и на природен начин, со помош на овие намирици.

Оригано

Зачинот кој дава посебен шмек на италијанската кујна е познат по своето антибактериски својства, но и како можен антиоксиданс. Ова го прави добар сојузник во борбата против есенските настинки и инфекции.

Чај од оригано се подготвува така што лажичка со сушено оригано се прелива со 200 ml врела вода и се остава 10 минути. Би требало да пиете две шолји дневно, а доколку ви е премногу горчлив, додадете и мед.

Освен што ја ублажува кашлицата, овој чај (но без мед) е одличен и против уринарните инфекции, а помага и кога ве мачи стомачен вирус.

Ѓумбир

Ѓумбирот е миорелаксант, им помага на мускулите да се опуштат, што значи дека помага и при смазам предизвикан од кашлица.

Исто така, го стимулира имунолошкиот систем. Доколку секретот од носот е провиден, тогаш ѓумбирот е вистинскиот избор.

Исечете го на тенки парчиња, ставете го во вода дваесетина минути, додадете малку цимет и исцеден лимон или портокал и имате совршен здрав напиток кој ќе ве згрее и ќе ја ублажи кашлицата.

Пилешка супа

Пилешката супа е најверојатно највкусниот од овие природни лекови, а докажано е дека е ефикасна, бидејќи ги ублажува восплалителните процеси во организмот. Чинија топла супа ќе ви го хидрира организмот, ќе ве згрее, а ќе внесете и електролити.

Мед

Топла лимунада со мед не само што ќе ве згрее, туку го разредува и шлајмот кој се собира, а медот е одличен против кашлица. Студија од 2007 година има покажано дека две лажички мед пред спиење ја ублажуваат поефикасно детската кашлица во текот на ноќта отколку сируп против кашлица.

Внесувајте доволно течности

Симптомите на инфекции на горните дишни патишта најчесто почнуваат во носот. Вирусите ја напаѓаат слузокожата на носот, а телото се бори лачејќи повеќе секрет за да се заштити од вируси. Доколку внесувате доволно течности, секретот ќе биде поредок и ќе ви биде полесно да го исфрлите.

Спијте доволно

Луѓето кои спијат помалку од седум часа имаат три пати поголем ризик да закачат некој вирус од оние кои спијат по осум и повеќе часови. Кога сте болни, на вашето тело му е потребен одмор. Спијте колку можете повеќе и кога сте болни.

Треба да знаете
Последни објави