Search

Животот може да ви биде спасен и продолжен со конзумација на кикирики

Само неколку кикирики дневно можат да го намалат ризикот од сериозни болести. Истражувачите успеаа да ја потврдат врската меѓу кикириките и здравиот живот.

Тие велат дека со само 10 грама дневно можете да го намалите ризикот од болести на респираторните патишта, дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести.

Ефектот на кикириките е еднаков и за жените и за мажите.

Научниците  22 години следеле 6.000 лица со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од срцев удар или шлог. Тие морале да бидат на специјална диета и четири години пополнувале формулари за своето здравје.

Кога научниците ги виделе резултатите откриле дека оние кои јаделе кикирики биле заштитени од срцев удар и шлог. Вистинско изненадување е дека ризикот бил намален за 44 проценти.

Кикириките содржат многу состојки, како што се здрави масти, витамини, влакна, антиоксиданти кои го подобруваат одбрамбениот систем на телото.

Треба да знаете
Последни објави