Search

Млади европски федералисти на Македонија и Грција го поздравуваат Преспанскиот договор

Млади европски федералисти на Македонија и Грција го поздравуваат Преспанскиот договор

Како млади европски федералисти се залагаме за демократска европска федерација
како клучна состојка за мир и гаранција за послободно, праведно и демократско
општество. Во таа смисла, Младите европски федералисти – Европа (JEF Europe),
Младите европски федералисти – Македонија (JEF Macedonia) и Младите европски
федералисти на Грција (JEF Greece) го поздравуваат Договорот за името помеѓу
владите во Скопје и Атина, кој има за цел решавање на речиси три-деценискиот спор
за името меѓу двете земји.

Доколку е ратификуван и одобрен, Договорот ги отвора перспективите за нормализирање на добрососедските односи меѓу Скопје и Атина и им овозможува на двете земји да соработуваат во речиси секој домен – што е погодно за регионална стабилност, мир и помирување.

Ова историско мировно достигнување ќе послужи како модел за разрешување на спорови и одржлива соработка во 21-от век и ќе ја покаже спремноста на Атина и Скопје како пионери на стабилноста, мирот и помирувањето на Балканот и во Југоисточна Европа. Договорот го отвора патот за успешна интеграција на Република Македонија во Европската унија, што
претставува еден од клучните стратешки приоритети, поддржан од страна на мнозинството на граѓаните во двете земји.

Членството на Република Македонија во Европската унија е важно за проширувањето на Европската унија кон земјите од Западен Балкан и за крајната идеја за Обединета Европа. Целиот балкански регион, и сите негови народи, припаѓаат на едно обединето европско семејство.

Ги повикуваме властите на двете земји за спроведување на Договорот
соодветно, одржувајќи го духот на добрососедските односи како основа. Уште
поважно, ги повикуваме избирачите да го остварат своето избирачко право, но исто
така и обврската да се гласа и да се поддржи договорот за името на престојниот
референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година. Референдумот за договорот
за името е историска и вистинска шанса за да се обезбеди финансискиот раст на
регионот, идното членство во европското семејство и целосната интеграција во
интернационалната заедница

Во исто време, ние силно се противиме на активностите и нелегитимните интервенции
на сите сили во двете земји и пошироко, кои имаат за цел поткопување на можноста да
се спроведе овој Договор со наведување на населението околу содржината
и влијанието на договорот а со тоа и поттикнување на продолжување на меѓусебните
спорови. Овој историски момент бара од сите инволвирани страни да бидат одговорни
и разумни и да се придржуваат до принципите предвидени во уставите на државите и
сите принципи на меѓународното право.

Социјалните и политичките сили на двете земји треба да се стават крај на бесмислените поделби, културата на недоверба, националистичката и иредентистичка реторика и јазикот на омраза, во линија со зголемената солидарност во Европа.

Историјата не може да биде променета или избришана, но заедничка и подобра иднина
е можна и може да биде изградена со заеднички сили. Граѓаните во двете земји,
сегашните и идните европски граѓани, заслужуваат подобра и заедничка иднина
заснована на мир, соработка, солидарност и заемно почитување.

Треба да знаете
Последни објави