Search

Мигранти од Индија ограбени во Криволак

Во близина на неготинското село Криволак во текот на вчерашниот ден четворица разбојници нападнале четворица мигранти од Индија.

Како што информираат од МВР, сторителите им одзеле 950 евра и четири мобилни телефони.

Во врска со настанот, под сомнение дека се извршители на разбојништвото, во неготинската полициска станица приведени биле двајца жители на селото Криволак на возраст од 27 години.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави