Search

Вечерва голема полициска акција во Сити мол, се трага по дрога и оружје

Вечерва голема полициска акција во Сити мол, се трага по дрога и оружје

Во моментов се одвива голема полициска акција на третиот кат во паркингот на Сити мол. Полицијата фатила две возила со дрога и оружје, мерцедес и уште едно возило за кое засега немаме информации која марка е, дознава порталот Република.

Портпаролот на МВР за Република само кратко изјави дека кога ќе има повеќе информации дополнително ќе не информира и додаде дека доколку има полициска акција, најпрво таа мора да заврши за МВР да излезе со детали за истата.

Повеќе информации очекувајте во текот на вечерта.

Треба да знаете
Последни објави