Search

Затекнала страшна сцена кога ја отворила вратата од спалната соба

Затекнала страшна сцена кога ја отворила вратата од спалната соба

Едно семејство во градот Бризбејн во Австралија затекнало сцена како од хорор филм во својата спална соба.
Лана Филд, инаку професионален ловец на змии, не паничела, туку ја снимила нивната лута борба која ја нарекла вистински боречки меч.
Како што објаснила,, змиите најверојатно паднале низ вентилационите цевки на плафонот, а потоа ги вкрстиле своите сили – како да се борат за женка.
“Овој пар беше многу лут. Зад себе оставија мал неред”, вели Лана на снимката, насочувајќи го телефонот кон местото од каде питоните влегле во нејзиниот дом.
Како што кажала подоцна, мажјаците биле рамноправни во борбата, барем судејќи според големината, бидејќи имале просечна должина, околу 1,75 метри.
Додека снимката кај многумина внела страв, Лана објаснила дека питоните веројатно не би ја нападнале бидејќи во тој момент биле позаинтересирани еден за друг.

https://youtu.be/-fr9zqgxBrE

Треба да знаете
Последни објави