Search

Освежувачки напиток кој го забрзува слабеењето

Ви претставуваеме оброк во чаша кој во врелите летни денови ќе ве освежи, заштити, но истовремено ќе ви помогне при топењето на килограмите…

Потребно е:

– 2 шолјички спанаќ

– 1/2 голема шолја капини

– 1/2 краставица (нелупена)

– неколку листови свежо нане

– лажица сок од лимон или портокал

Подготовка:

1. Оладеното овошје и зеленчук добро измијте ги.

2. Капините и крставицата исечете ги на парчиња.

3. Сите состојки заедно ставете ги во блендер.

4. Се добро измешајте, а доколку сакате леден напиток додадете и неколку коцки лед.

Напитокот содржи:

Железо, влакна, протеини, електролити, калиум, магнезиум, витамини К, А, Ц, Б1 и Б6, фолна киселина и флавоноиди.

Треба да знаете
Последни објави