Search

Роден без раце и нозе, прави невозможни работи со устата и брадата

Роден без раце и нозе, прави невозможни работи со устата и брадата

Единаесетгодишниот Тијо Сатрио од Западна Јава во Индонезија е роден без екстремитети, но тоа не го спречува да биде подвижен и самостоен и својот живот да го исполнува со различни содржини.

Тој е вистински махер за Плеј – стејшн, кој пронашол начин да ужива во омиленото хоби. Тој со брадата управува со компјутерот и може да им парира на играчите кои оваа игра ја играат со раце.

Foto: Profimedia/Barcroft MediaМеѓутоа, животот не го поштеди ова дете. Депресијата и несигурноста со која се соочи во текот на раното детство го наведе да не сака да оди на училиште/ Но бидејќи е силна личност сите препреки ги надмина и тргна редовно во мало училиште за деца со дисабилитет.

Според зборовите на управникот на училиштетп, Тијо е многу интелигентен и одличен ученик, а посебно е добар во математика и религија.

Foto: Profimedia/Barcroft Media-Неговото ниво на интелегенција е над неговата возраст, а може да оди и две одделенија пред неговото. Тој своите недостатоци ги претвара во предност. Неверојатно е како со уста го држи моливот и решава задачи, вели тој.

Тијо го прифатија и другите деца во училиштето и бидејќи е весел и постојано се смее, секогаш е опкружен со другари, а омилен е и меѓу наставниците. Се движи самостојно, како фока, и брзо може да стигне каде сака.

Неговата мака истакнува дека е горда на него и дека воопшто не била свесна за состојбата на своето бебе додека била трудна. Таа вели дека никој не и рекол дека бебето нема екстремитети, па дури ни откако го родила. Семејството на полноќ, кога имало малку лекари, детето веднаш го завиткале и го однеле, а кога утредента и го покажале, доживеала вистински шок.

Поради тоа што состојбата на Тијо бара големо внимание од мајката, таа не може да работи, а примаат помош од државата. Но како што Тијо станува се по самостоен има повеќе надеж за ова семејство, кое има уште две деца, да стане финансиски понезависно.

Треба да знаете
Последни објави