Search

Мексико: Падна авион по полетување, 85 повредени

Околу 85 лица се повредени синоќа при уривање на авион непосредно по полетувањето од мексиканскиот град Дураго.

 

Во време на несреќата во авионот  се наоѓале 97 патници и четворица членови на екипажот.

Гувернерот на Дураго, Хозе Росас Аиспуро информира дека по несреќата биле хоспитализирани 49 лица од авионот, од кои две се наоѓаат во критична состојба.

 

Според Аиспуро, во време на несреќата во реонот паѓал силен гради и имало големи електрични празнења, што најверојатно се причина за падот на авионот.

Претставник на аеродромот во Дуранго исто така ги посочи лошите временски услови како причина за падот на авионот.

По падот авионот се запалил, но огнот набрзо бил изгаснат,

Авионот бил на лет од Дуранго кон Мексико Сити.

Треба да знаете
Последни објави