Search

Работник загина во фабрика за цевки

Кумановец вработен во фабрика за цевки починал во несреќен случај, утрово во Куманово, информираше МВР.

Станува збор за Б.В.(45) кој бил вработен во Фабриката за заварени цевки и профили. Во еден момент Б.В. бил погоден во градите од метално парче од алат со кој работел. Повредениот работник со возило на итната помош бил транспортиран кон болницата, но по пат починал.

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави