Search

Голема рација во Тетово, еве што откри полицијата

Голема рација во Тетово, еве што откри полицијата

Денеска во периодот од 05,00 до 06,00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на тетовското подрачје.

Притоа на две локации во Тетово и во село Џепчиште биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници.

Лицата биле приведени во полициска станица по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави