Search

Се бара Јетон Љужа – третоосомничниот за убиството на Саздовски

Се бара Јетон Љужа – третоосомничниот за убиството на Саздовски

Интерпол од денеска трага по 19 годишниот Јетон Љужа,  третоосомничен за убиството на Никола Саздовски.  Иако обвинителството уште пред 10 дена го промени делото од насилство во убиство извршено на свиреп начин и најави распишување на меѓународна потерница, неговата фотографија со лични податоци денеска излезе на сајтот на МВР.

Извори од истрагата брифираат дека од 30 јуни Љуза до сега е баран на неколклу локации во Скопје, по  внатрешни полициски процедури. Зошто доцнела наредбата за распишување меѓународна потерница нема официјален став, сите органи се повикуваат на законски постапки за кои  велат дека ги испочитувале. Обвинителството тврди дека откако го преквалификувале делото пуштиле наредба за потерница до судот, која требало да ја одобри судија на претходна постапка, а одговорот го добиле денеска. Од судот пак велат:

„Судот доби барање за приведување од ЈО веднаш по преквалификацијата на што беше вратено веднаш одговор, но се чекаше на наредба за распишување на потерница до сега.“ – велат од Кривичен.

Но,  според неофицијални информации, одобрението кое судот го испратило до обвинителството во меѓувреме се изгубило, па обвинителството денеска повторно испратило доставница и откако веднаш добиле одговор, ја испратиле наредбата во МВР да се распише потерницата.

Во меѓувреме, останатите двајца осомничени се во притвор и се очекува уште еднаш наредната недела да бидат однесени на распит во обвинителството за да се соочат со доказите за делото убиство извршено на свиреп начин. Никола Саздовски викан Саздо беше претепан до смрт на 29 јуни, на  автобуска станица среде бел ден во Автокоманда. Според вештачењата тој бил претепан со голи раце, без употреба на предмети. Мотивите допрва треба да бидат објавени.

Треба да знаете
Последни објави