Search

Заев: Постигнат договор за ДИК и пржинска влада

Постигнат договор за ДИК и пржинска влада

За овие три лидерски средби, четирите партии постигнаа договор за изборот на ДИК, за финансирање на политичките партии и за пржинска влада како принцип пред секои избори. Останува уште прашањето за референдумот, изјави премиерот Зоран Заев во името на сите учесници на средбата, најавувајќи дека се ќе биде завршено денеска.

-Јавноста треба да знае дека за овие три лидерски средби требаше многу нерви, трпение и мудрост. Уште пред потпишување на Договорот до Грција ги прифативме условите на опозицијата за  избор на ДИК. Уште пред лидерската работни групи го усогласија текстот на законот за финанисрање на партиите. Денеска го прифативме барањето на опозицијата, форматото на пржинска влада да се спроведува пред секои избори. Се договоривме денеска да заврши лидерската средба, но како тоа ќе го направиме од нас зависи. Но овде завршивме една фаза и разговорите продолжуваат за референдумот, рече Заев.

Тој појасни дека ќе се разговара за прашањето за рефрендумот, за карактерот и датумот.

-Потребно е да покажеме државотворност и важност на процесот. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, рече Заев.

Изборот на ДИК ќе биде како што беше првично договорено – претседател ќе биде кандидат на предлог на опзицијата и уште еден член од ВМРО ДПМНЕ, еден член ќе имаат БЕСА и Алијансата заедно, а четири власта.

Нема прецизен одговор кога ќе с еповлечат измените на Изборниот законик што се веќе ставени на дневен ред на Собранието.

Пржинска влада според барањето на ВМРО ДПМНЕ е 100 дена пред секои парламентарни избори, освен оставка на премиерот, кадри на опозицијата да бидат и во МВР, Министерство за труд и 4 заменички министерски места.

Треба да знаете
Последни објави