Search

Дневен хороскоп за 5 јули

 

Лавовите уживаат во својата доминантност, Девиците ги очекувa голем успех на работа, Шкорпиите се борат за пари, а Стрелците се подготвуваат за пат во странство.

 

Прочитајте што ни носи хороскопот за денешниот ден.

Овен

Работа – Однесувањето на вашите колеги е неприфатливо и морате да им посочите дека тоа не е во ред. Склони сте кон промени во однос на работната средина. Ја сакате слободата.

Љубов – Не се затворајте во себе доколку се чувствувате осамено. Постои шанса нешто да се случи во текот на следните недели на ова поле.

Здравје – Покачен крвен притисок.

Бик

Работа – Она што одамна сакавте да го завршите одамна се провлекува како главно прашање и за натамошниот период. Бидете сконцентрирани на промените кои сакате да ги постигнете.

Љубов – Не сте во можност да и се спротиставите на саканата личност, бидејќи немате аргументи за тоа. Почекајте.

Здравје – Болки во вратот.

Близнаци

Работа – Не сте во добра финансиска ситуација периодов, но тоа ќе помине. Сметајте на помошта од Бик и Рак.

Љубов – Премногу сте затворени на полето на емоциите. Тешко е да се допре до вас. Саканата личност може да престане да ви дава внимание ако продолжите вака.

Здравје – Депресија.

Рак

Работа – Не ви е добро на работа, а воопшто не ја очекувавте ваквата ситуација. Потрудете се да се свртите кон нови работи кои ќе ви го одвлечат вниманието.

Љубов – Полето на емоции ви е силно нагласено. Ќе се чувствувате поопуштено од вообичаено. Сакате нова личност покрај себе.

Здравје – Можни се главоболки.

Лав

Работа – Сакате доминантна положба на работа и уживате во тоа. Некоја личност ви е голем ривал и добро е да не навлагате во конфликти во однос на тоа.

Љубов – Мислите на личност од минатото и не можете да престанете со тоа. Дајте им шанса на новите луѓе во вашиот живот.

Здравје – Срцева аритмија.

Девица

Работа – На врвот на успехот сте. Јупитер ви испраќа сигурни сигнали за успех  на патот на кој сте тргнале. Нема ништо да оставите недовршено.

Љубов – Вашата емоционална состојба е неповолна. Тоа се случува во момент на ваша слабост, особено доколку се појави нова личност во животот.

Здравје – Проблеми со варењето.

Вага

Работа – Полето на финансии не ви е така лошо, но сакате повеќе.

Љубов – И се допаѓате на личност родена во знакот Девица, но не сте премногу заинтересирани.

Здравје – Одлично.

Шкорпија

Работа – Полето на парите ви е особено важно овој период, но ќе морате подобро да се потрудите.

Љубов – Ова е страствен ден за вас. Тешко ќе ви биде да и одолеете на личноста која ви се допаѓа.

Здравје – Проблеми со стомакот.

Стрелец

Работа – Полето на странство ви е отворено. Мижна е нова работа или патување кое ќе ви отвори многу нови врати.

Љубов – Не покажувате многу емоции, особено доколку покрај себе имате личност која се обидува да ви биде повеќе од пријател.

Здравје – Внимавајте на инфекции.

Јарец

Работа – Доколку сте фер, ќе имате фер игра од личност која долго е во работата со која се занимавате. Можеби некоја личност не ви одговара и не сакате да работите со неа, но ако ја откажете соработката тоа ќе влијае на вашите финансии.

Љубов – Не сакате да вложувате во врска бидејќи сметате дека не ви се потребни многу силни емоции периодов.

Здравје – Не заборавајте на калциумот.

Водолија

Работа – Доколку денес имате финансиски проблеми, не трудете се да ги решите брзо, бидејќи ситуацијата во која се наоѓате не е на завидно ниво и не можете денес да направите ништо во однос на тоа.

Љубов –Не сте заинтересирани за љубов. Не ви помага тоа што саканата личност е покрај вас и ви дава поддршка. На вас останува да донесете одлуки.

Здравје – Стрес.

Риби

Работа – Полето на работа бара големо ангажирање од вашите соработници. Доколку увидовте шанса за успех, не се плашете да побарате поддршка и помош.

Љубов – Не обрнувајте внимание на ситните коментари од страна на партнерот. Сметајте дека тоа е од минлив карактер.

Здравје – Витални сте и денес.

Треба да знаете
Последни објави