Search

Помали патни трошоци за пратениците

Помали патни трошоци за пратениците

Комисија за политички систем во Собранието едногласно го усвои предлог-законот за намалување на надоместокот кои пратениците го земаат за патни трошоци.

Наместо надоместок од 30% од цената на горивото по изминат километар, пратениците ќе добиваат 10 проценти помалку, односно 20%.

Измената дојде откако јавноста жестоко реагираше на сумите кои ги земале пратениците за патни трошоци.

Пратениците од ДУИ претходно побараа овие надоместоци целосно да бидат укинати, но наместо тоа, се усвои намалувањето.

Треба да знаете
Последни објави