Search

Како да додадете музика на вашите Instagram Stories?

Оваа недела Instagram добива апдејт со кој ќе им овозможи на корисниците да ставаат оригинална музика во нивните Stories. Оваа опција не е стигната во Македонија, но се очекува да пристигне во текот на оваа недела.

 

Facebook неодамна потпиша договор со неколку издавачки куќи, што значи дека оригиналната музика ќе биде достапна и за Instagram.

Засега оваа опција е достапна во Нов Зеланд, Австралија, Франција, Германија, Шведска, Велика Британија и САД и работи на истиот начин на кој се прикачуваат стикерите во Instagram Stories.

Поточно, откако ќе ја имате фотографијата или видеото кое сакате да го прикачите, ќе треба да го притиснете „смајлито“ на горниот десен дел од екранот. По притискањето, ќе ви се појави подмени каде во вториот ред ќе забележите опција Music, која е нова на Instagram. Одберете го тоа и ќе бидете префрлени во мени каде ќе може да ја изберете песната која најмногу ви одговара на фотографијата или видеото.

Оваа нова опција ќе ви овозможи да одберете популарна музика која се протега од Дрејк па до Марун 5, па дури ќе ви биде овозможено да пребарувате музика по жанрови, артисти и моментално расположение. Ако имате идеја точно што би сакале да ставите во вашето Story, тогаш ќе ја имате и можноста да пребарувате преку име.

Кога ќе го направите сето тоа, Instagram ќе ја спои песната со видеото или фотографијата и потоа ќе ви дозволи да си одберете кој ден од песната ќе биде почетокот, а кој крајот на вашето Story.

Треба да знаете
Последни објави