Search

Драма во Скопје: Девер ја киднапирал и претепал поранешната снаа

М.М. (30) од Скопје вчера пријавила дека околу 11.30 часот во „Жена Парк“ во Скопје, поранешниот девер Ф.Р. од населба Злокуќани, со употреба на физичка сила ја внел во неговото патничко возило и ја однел во населба Злокуќани, во домот на Ш.С., нејзин поранешен сопруг со кого живеела во вонбрачна заедница.

 

Потоа Ф.Р. физички ја нападнал, а во еден момент М.М. успеала да избега и се упатила во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави