Search

Тепачка во домот за бездомници но Чичино село

На 29.06.2018 година околу 19,45 час во кругот на Центарот за бездомници Чичино Село, село Грчец бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу лицата Ф.И.(62), Р.Р., Ф.Р.(34),Ф.Ш.(29) и едно 17 годишно лице сите од една страна и З.С.(58) од другата страна, сите од Скопје со привремен престој во Чичино Село.

 

Лицата најпрвин си нанеле неколку меѓусебни удари по што З.С. со спреј-солзавец ги испрскал по лицето и очите. По преземени мерки сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Треба да знаете
Последни објави