Ракитиќ со интересна изјава пред натпреварот со Данска

Според многумина Хрватска досега го игра најубавиот фудбал на Светското првенство, па не е ни чудно што веќе почнаа да ја сметаат за сериозен конкурент на останатите селекции за највредниот фудбалски пехар.

Пред натпреварот со Данска еден од најдобрите играчи на „коцкестите“ даде интересна изјава по која посочи дека сите може да се повлечат доколку го „зграбат“ трофејот од Светското првенство.

– Не знам дали ова е последно големо натпреварување на оваа генерација. Одиме по позитивниот пат, имаме добра атмосфера. Кога ќе го кренеме тој пехар ќе размислиме, мислам дека тогаш слободно сите може да се повлечеме, без никаков проблем – коментираше Ракитиќ.

Фудбалерот на Барселона потврди дека притисокот е присутен во таборот на Хрватите, но и дека уживаат во ова големо натпреварување поради поддршката која ја имаат од целокупната хрватска јавност.

Треба да знаете
Последни објави