Search

Пет начини да ја организирате храната во фрижидер

За вашата храна да биде добро изладена и безбедна за користење, а фрижидерот да мириса пријатно, ви советуваме да размислите околу средување на фрижидерот.

Во продолжение ви откриваме неколку практични совети кои ќе ви бидат од помош.

Чувствителната храна ставете ја во длабочината на фрижидерот

За на најдобар начин да ја организирате храната и да спречите да не се расипе, морате да разберете како функционира фрижидерот. Секоја полица во него има систем за разладување за да се одржува температурата. Чувствителната храна, како јајца, млеко и месо ставете ја во длабочината на фрижидерот, за што подобро да се излади.

Користете пластични кеси како организатор

Многумина од нас во фрижидерот ставаат суво овошје и зеленчук за да ги одржат свежи и да ја зголемат нивната трајност. Сепак, подобро е да ги чувате во пластични кеси за фрижидер. Покрај тоа што ќе им го продолжите рокот на траење, ќе добиете и повеќе простор.

Ставете самолепливи фолии преку полиците

Ова е одличен трик кој ќе ви го олесни чистењето. Кога ќе ќе ги излепите полиците со самоплепливи фолии, во случај нешто да ви истече или да се залепи, нема да морате да чистите. Доволно е само да ја замените фолијата.

Користете пластична фолија за да покриете храна

Наместо огромна чинија за покривање на храна, како што прават многу домаќинки, паметно би било да создавате навики храната да ја покривате со пластични самолепливи фолии. На тој начин ќе ја зачувате храната, а ќе спречите и ширење на миризби кои можат да преминат на друга храна.

Треба да знаете
Последни објави