Search

Адвокатите на Груевски бараат изземање на Јанева од „Тенк“

Адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски побара од судот да се изземат специјалните обвинители Ленче Ристоска и Стевчо Донев кои постапуваат во случајот „Тенк“, како и изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева.

По „Титаник 3“ и судењето за „Тенк“, и двата предмети на СЈО, се прекина денеска во Основниот суд Скопје 1 со истото барање за изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Првпат денеска беше побарано изземање на Јанева од предмети што се почнати во Кривичниот суд по обвиненија на СЈО. Досега се бараше изземање на судиите кои ги водат овие предмети, како и на судии од Апелациски суд, кои по претпоставка би дошле во допир со предметите во иднина, но беа одбивани.

И во овој случај, одбраната на обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски како причина за изземањето ја наведоа претпоставката дека Катица Јанева, како граѓанин, со кривичното дело за кое што се товарат обвинетите е оштетена. Теоријата на адвокатите е дека СЈО е корисник на буџетски средства и дека поради тоа Јанева е оштетен граѓанин поради што се бара нејзино изземање од постапката за набавката на блиндираниот мерцедес од речиси 600.000 евра.

Адвокатот Димитар Дангов го достави ваквото барање до судот на денешното рочиште за случајот во кој на Груевски и на Ѓоко Поповски им се суди за нелегалната набавка на луксузниот мерцедес, а детали околу тоа што содржи барањето пред судот не беа изнесени.

Судијката Добрила Кацарска даде пауза од два часа за судот да може да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на адвокатите на Груевски.

Треба да знаете
Последни објави