Search

Промовиран проектот „Полицајци велосипедисти“ во општина Центар

Промовиран проектот „Полицајци велосипедисти“ во општина Центар

Денеска пред СВР Скопје –Полициска станица Центар беше промовиран проектот „Полицајци велосипедисти“.

На почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци велосипедисти во одделни реони.

„Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје. Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект  во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните“, велат од општината.

Додаваат дека полицајците велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка.

 

Треба да знаете
Последни објави