Search

Манчевски: Во регулаторните тела има партизација и непотизам

Манчевски: Во регулаторните тела има партизација и непотизам

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски најави дека започнува процес на професионализација на регулаторните тела, бидејќи тие се полни со партиски функционери и родниниски поврзани луѓе.

Тој рече дека овие тела мора да бидат составени од независни експерти, бирани под надзор на јавноста.

-Да не го игнорираме големиот бел слон во собата, и да заборавиме дека голем дел од членовите на Советот и на АВМУ и МРТВ се партиски членови, и со тоа дел од проблемот, нотиран во сите релевантни извештаи. Крајно време е партиите да се тргнат од регулаторните тела. Тоа се предвидува со измените во Законот. Членовите ќе се избираат јавно и транспарентно, граѓаните ќе бидат запознаени со нивните кандидатури, и Собраните ќе биде принудено да ги избере најпрофесионалните кандидати, посочи Манчевски.

Тој додаде дека граѓаните ќе знаат кои се кандидатите за членови на регулаторните тела пред да се изврши изборот, а кандидатите во Собранието ќе ја претстават својата биографија и план за работа.

Манчевски денеска говореше на промоцијата на завршниот извештајот за работата на АВМУ и АЕК.

Како што истакна министерот Манчевски, вклученоста на граѓанските организации во мониторинг на работата на овие две регулаторни тела е од особено значење затоа што станува збор за различен пристап, од начинот на кој што работат владините институции.

Во врска со укинувањето на радиодифузната такса, министерот рече дека се работи за нов пристап, со што се обезбедува стабилно и предвидливо финансирање на јавниот радиодифузен сервис.

– Реформите во медиумите треба да произлегуваат од медиумските здруженија и граѓанските организации. Соработката е важна за зголемување на довербата, но и за информирање на граѓаните за работата на институциите без за тоа да се потрошат многу пари за скапи реклами, истакна Манчевски.

Треба да знаете
Последни објави