Search

МЕПСО оди под транспорт и врски, МЕР под економија, ЕЛЕМ останува под ингеренции на владата

МЕПСО оди под транспорт и врски, МЕР под економија, ЕЛЕМ останува под ингеренции на владата

Владата им ги подели енергетските компании на министерствата. Од сега за преносниот систем Мепсо одговорно ќе биде министерството за транспорт, за македонски енергетски ресурси –МЕР економија. Производството односно ЕЛЕМ останува во рацете на Владата. Ова го наложува новиот закон за енергетика со кој пазарот на струја треба целосно да се либерализиран.

Анѓушев повторно негираше дека либерализацијата ќе ја зголеми цената на струјата за граѓаните. Дополнително за социјалните случаи , пензионерие и стечајците ќе има субвенции за да имаат пониски сметки. Домаќинствата на слободен пазар сами ќе избираат кој ќе ги снабдува со струја. Оние кои нема да одлучат ќе ја добивата од универзален снабдувач кој ќе биде избран во рок од 90 дена откако новиот закон за енергетика ќе биде изгласан во собрание.

Со посебен правилник ќе бидат регулирани и исклучените од парно. Анѓушев посочи дека се прават напори од следната грејна сезона тие да не плаќаат за услуга што не ја користат.

Во изминатиов период многу фирми кои не се занимаваат со струја поднесоа барање за добивање на лиценци за трговија со електрична енергија.

Предлог законот за енергетика наскоро ќе се најде пред пратениците. А пазарот на струја целосно треба да се либерализира до крајот на годинава.

Треба да знаете
Последни објави