Search

СДСМ: Мицкоски да се извини за штетите што ги нанесе во изминатите 11 години неговата партија

СДСМ: Мицкоски да се извини за штетите што ги нанесе во изминатите 11 години неговата партија

Владеачката партија СДСМ со соопштение до јавноста бараат Мицкоски да се извини за штетите што ги нанесе неговата партија, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи реформскиот процес во интерес на граѓаните.

„Христијан Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за штетите што неговата партија ги нанесе со 11 годишното криминално и расипничко владеење. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше и злоупотребуваше институциите, криминално и расипнички ги трошеше парите на граѓаните, ја изолира државата и го подели општеството“, порачаа од СДСМ.

Тие додаваат дека Мицкоски треба да се извини за таквото владеење на неговата партија, да ја објасни неговата улога во насилствата од 27 април и да престане да се крие зад народот.

„Народот, граѓаните, ги поразија политиките на поделби, деструкција и блокади и одбраа политики што создаваат едно општество за сите граѓани.Во интерес на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба ги надминат погубните политики на поделби и блокади и да дадат поддршка на реформскиот процес којшто ја движи Македонија напред“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави