Која нација во светот најмногу сака чоколада?

Поголемиот дел од луѓето сакаат чоколада, но истражувањата покажаа дека никој повеќе не ја обожава од Британците.

 

Според истражувањата на компанијата Mintel Global New Database, жителите на Велика Британија во 2017 година во просек консумирале 8,4 килограми чоколада, пренесува „Independent“.

Компанијата исто така пренесува дека глобалната консумација на чоколада е во пораст, додека производството на чоколада за готвење во просек минатата година пораснало за дури 23 отсто.

Кога станува збор за чоколадните киндер јајца, на водечката позиција се најде Бразил, со 11 отсто учество на светскиот пазар во 2017 година, а зад оваа земја се најде Јужноафриканската Република, Германија, Велика Британија и Франција.

Произведувачите биле најинвентивни во Велика Британија, каде можат да се купат најразлични чоколадни десерти со додаток ѓумбир и тоник, кои ги замениле чоколадните јајца со вкус на пиво, кои биле во понудата изминативе неколку години.

Ширум Европа расте и производството на веганска чоколада, која, според податоците, претежно се консумира во Шпанија, Франција и Полска.

Треба да знаете
Последни објави