Search

Македонија е втора во Европа по смртност на новороденчиња

Македонија е втора во Европа по смртност на новороденчиња

ЕДНО ПОЧИНАТО БЕБЕ НА 120 ЖИВОРОДЕНИ.

Ваквата сурова реалност во Македонија ја акцентираше и последниот извештај на УНИЦЕФ, кој не вброи во земјите со мали изгледи за преживување на бебињата. Државата е прва во регионот, а втора во Европа по смртноста на новороденчиња. Според организацијата, тука огромен број семејства го губат новиот член уште во првиот месец по раѓањето.

Перк потенцира и дека Македонија има квалитетен здравствен кадар, но прашање е дали е во доволен број. Лекарите се онолку добри, колку што е добар системот, вели тој.

На листата што ја објави УНИЦЕФ, земјите од регионот се далеку подобри од Македонија. Најдобри изгледи за преживување имаат децата во Словенија, а со проблемот подобро се справуваат и Црна Гора, Хрватска, Србија, Бугарија и Албанија. Во Словенија на 769 новородени, умира едно дете, во Хрватска битката за живот ја губи секое 345-то новороденче, а во Албанија не преживува 162-то.

ТАБЕЛА:

Словенија едно починато бебе на 769 новородени

Црна Гора едно починато бебе на 417 новородени

Хрватска едно починато бебе на 345 новородени

Србија едно починато бебе на 270 новородени

Бугарија едно починато бебе на 263 новородени

Албанија едно починато бебе на 161 новородени

Наспроти земјите од регионот, Македонија 8 години по ред тапка во место. Нема никаво подобрување на ситуацијата, а ниту одговор од надлежните зошто црните статистики станаа главен белег на државата. Тие избегнуваат коментари за поразителните бројки, и се фокусираат на мерките од новата стратегија од која резултатите треба да ги очекуваме на долг рок.

Се работи на обезбедување животоспасувачки лекови за мајките и новороденчињата, согласно листата на Светската здравствена организација и Фондот за население на Обединетите Нации, кои ќе бидат достапни во сите родилишта. Во рок од три месеци, како што најави министерот за здравство ќе бидат организирани обуки на обучувачи за ефикасна грижа на штотуку родените бебиња соопштија од Министерство за здравство.

Информациите за смртноста на новороденчиња постојано ја шокираат јавноста. Наместо подобрување,на виделеина излегуваат нови недостатоци. Најсилно одекна информцијата дека еден инкубатор делат по две новороденчиња. Јавноста замнеме пред фотографиите со стари кревети, прокиснати кровови што ги обиколија социјалните мрежи.

Надлежните се обидуваа да ги смират тензиите, објаснувајќи дека речсии сите починати бебиња биле предвреме родени со многу инфекции и компликации по здравјето. Министерот прстот го впери и во бремените жени, потенцирајќи дека не одат на редовни прегледи, во ниту еден моимент не споменувајќи го недостигот на гинеколози. Факт е дека преку 40 општини немаат матичен гинеколог, а најлошо е во малореканскиот крај.

Минатата година, на скопската Клиника за гинекологија починале 163 новороденчиња. 60 отсто од нив биле предвреме родени.

 

Треба да знаете
Последни објави