Пешак повреден во сообраќајка во Скопје
Пешак е повреден вчера вечер во сообраќајка на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.
Во него удрило такси возило кое се движело по улицата.
Брзата помош е на лице место, а детали за здравствена состојба на пешакот се уште нема.