Search

Општина Бутел започнува акција за чистење на хаварисани возила од јавните површини

Општина Бутел започнува акција за чистење на хаварисани возила од јавните површини!

Ги известуваме сите сопственици на хаварисани возила, кои се застарени или оштетени од некоја сообраќајна несреќа, но и камиони и автобуси кои се вон употреба, да бидат одговорни и во рок од 7 дена да се погрижат за отстранување на возилата од јавната површина.
Во следна фаза, оние возила кои кои нема да бидат подигнати од јавните површини, по налог на комуналната инспекција, како и од компанијата за извршување со асистенција на полицијата, ќе се превземе непопуларна мерка, односно присилно ќе се отстранат и ќе се однесат во депото на компанијата.
Ве охрабруваме активно да се вклучите во акцијата за чисти јавни површини и здрава животна средина и да пријавите непочитување на законот за јавна чистота на мејл адреса opstina_butel@yahoo.com и
на https://www.facebook.com/opstinabuteloficijalen секој работен ден.

По член 14 и 14-а од законот за јавна чистота на јавни површини забрането е:
– Фрлање и оставање на хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на места определени за таа намена.
– Оставање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности покрај садовите за собирање на смет, освен на места определени од општината
– Оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина и птици во садови за отпад, освен за места определени за таа намена
– Колење на кокошки и друго живина и животни
– Испуштање на отпадни води и други течносто од дворните места и објекти
– Истурање или испуштање на течности во садови за отпад, на улици, во канали, реки и езера.
– Сечење, складирање, сечење на дрва, јаглен и слично, освен за места определени за таа намена.
– Оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки.
– Чување и напасување на крупен добиток и живина
– Продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи освен на места определени за таа намена.
– Поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети
– Мешање на бетон, малтер, освен на места што ќе ги определи општината
– Растурање на сметот од вреќи, контејнери и други видови садови за собирање смет
– Фрлање, односно оставње на смет до контејнер и други видови садови за собирање на смет
– Фрлање смет од кои било кат од стамбена зграда или куќа во двор
– Поставување на контејнери и други видови садови за собирање смет надвор од определени места за нивно поставување, согласно со нивната намена
– Плукање или секнење нос на јавни површини
– Лепење на плакати на кое било јавно место освен за места определени за таа намена и
– Вршење на физиолошки потреби
– Фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал ( градежен шут)
– Палење , закопување и уништување на смет
– Превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец
– Вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стовариште или градилиште со валкани тркала
– Поправање, сервисирање на возила и вршење на разни занаетчиски работи
– Палење и уништување на садовите за собирање смет
– Уништување на урбаната и друга опрема ( клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта)

Треба да знаете
Последни објави