Search

Македонија и Албанија ќе ја унапредуваат соработката во борбата против тероризмот

Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Република Албанија имаат одлична соработка и таа во наредниот период дополнително ќе се унапредува, истакнаа по денешната средба во Охрид министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Фатмир Џафај.

 средбата во Охрид беше искористена за унапредување на соработката, пред се за заедничко справување со прекуграничниот криминал во делот на илегалната миграција и борбата против трговијата со дрога, како и поддршката во регионалните и меѓународните организации, каде двете држави се членки.

Министрите Спасовски и Џафај потпишаа и протокол за соработка во областа на тероризмот. Целта на протоколот е зајакнување на полициската соработка во борбата против тероризмот и финансирањето тероризам, првенствено преку размена на информации за поединци и групи вклучени во вакви активности, како и спроведување на заеднички операции во спроведување на истите.

Треба да знаете
Последни објави