Search

Путин ја исмеа американската „Црна листа“: А каде сум јас? Навреден сум!

 

Американците денес ја објавија листата со главните руски бизнисмени кои што се збогатиле во ерата на Путин, а на неа има 114 имиња на руски политичари и 96 олигарси.

Рускиот претседател Владимир Путин после објавувањето на листата на Вашингтон се огласи и порача дека таквата листа со имињата на руските бизнисмени блиски до Кремљ е „непријателски чин“, но порача дека Москва нема намера да возврати на таквиот потег на САД.

Путин дури се пошегува со листата на Американците, пред се поради тоа што на списокот го нема и неговото име. Тој иронично изјави дека е навреден поради тоа што неговото име го нема на списокот.

„Кучињата лаат, карванот си поминува“, изјави Владимир Путин само неколку часа откако американските власти го објавија списокот на кој што се наоѓа практично целата руска влада и неколку истакнати бизнисмени од Русија.

„Листата ќе ги искомплицира американско-руските односи, меѓутоа Москва сака само да ги подобри тие врски“, изјави Владимир Путин.

Очигледно, намерата на Американците со издавањето на „Црната листа“ на лица кои што се збогатиле за време на владеењето на Владимир Путин има намера да ги посрамоти руските политичари и бизнисмени. Станува збор за документ на седум страни кој што е во рамките на санкциите против Русија.

На списокот бројни политичари и бизнисмени веќе се под санкции, а објавувањето на листата можеби значи кои од нив ќе бидат следни кога Вашингтон ќе одлучи да воведе нови санкции.

Треба да знаете
Последни објави