Search

Прилепчанец загина во сообраќајка

Прилепчанец загина во сообраќајка

Прилепчанец загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 17.50 часот на патниот правец Битола-Прилеп, во близина на бензинската пумпа, соопшти полицијата.

Во сообраќајката учествувале „опел астра“ управувано од Г.Б.(61) од Прилеп и товарно возило „форд транзит конект“ управувано од П.П.(27) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Б. кој бил пренесен во Општа Болница Прилеп, каде во 21.30 часот им подлегнал на повредите. 

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

 

Треба да знаете
Последни објави