Search

Имал 11 години и 190 килограми: Неговите фотографии го шокирале светот, а еве како живее две години подоцна

 

Прогласен бил за најдебело дете на светот, а неговиот изглед го преплашил и загрижил целиот свет.

Малиот Индонезиец Арја Пермана на само 10 години достигнал застрашувачка тежина од 190 килограми. 

За се биле виновни неговите родители Ада и Рокај, кои со години буквално го “товеле” своето дете.

“Му дававме храна бидејќи цело време велеше дека е гладен. Јадеше по четири до шест пати дневно, а типичен оброк за него беа две пакувања нудли, две јајца, половина килограм пилешко и ориз”, вели неговиот татко.

Целото село им велело дека го убиваат сопственото дете, но родителите оделе по свое. Дури кога тежината на Арја станала прашање по живот или смрт, сфатиле дека ќе останат без синот ако не преземат нешто набрзо.

Така Арја, покрај титулата за најдебело дете на светот, станал и најмлада личност кој била на операција за намалување на желудникот.

Пред операцијата, Арја не можел ни да оди, ниту на било кој начин самостојно да се придвижи, што значи дека на крајот престанал и да оди во училиште бидејќи тоа било преголем напор за него.

Сега се појавиле и негови нови фотографии. По операцијата, Арја изгледа вака:

Досега изгубил 75 килограми и сега може да ужива во работите за кои некогаш мечтаел. На пример, да облече облека – досега деновите ги минувал замотан во саронг, бидејќи немало алишта со неговата големина. Исто така, сега може и да си игра со своите врсници.

Треба да знаете
Последни објави