Search

Дали во Давос ќе биде ставена точка на криптовалутите или ќе се роди нов свет?

 

Големите светски финансиски институции сè уште не знаат дали да се спротивстават на криптовалутите или да им се придружат на оние кои инвестираат во нив, за што ќе се дискутира во Давос.

Откако вкупната пазарна вредност на сите криптовалути скокна од 20 милијарди американски долари на повеќе од 540 милијарди долари, финансискиот естаблишмент повеќе не може да ја игнорира ниту “блокира” технологијата, иако беше прогласена за “измама” и “перење пари.

“Blockchain” (во буквален превод “синџир на блокови”) технологија која им дава моќ на криптовалутите, но исто така овозможува споделување на шифрирани податоци (во врска со сè, од пари до медицинска евиденција) помеѓу компании, луѓе и институции. Ги штити податоците од измама, а истовремено ги информира сите инволвирани страни за нивните промени.

Најголемата закана за сегашните финансиски институции е тоа што “blockchain” технологија базирана на размена на една верзија на податоци со повеќе чинители, без контролно тело во средината. Како резултат на тоа, клириншките куќи и различни берзи би биле исфрлени од процесот, додека големите играчи на пазарот на валути, како што е “JP Morgan” и “Citigroup” би изгубиле дел од колачот кој ќе припадне на помалите банки кои почнуваат да користат “blockchain” технологија.

Досега, дебатата за криптовалутите остави на оние што веруваат дека моќта на технологијата ќе “исчисти” се што не е во ред со денешниот финансиски систем, традиционално ориентиран против естаблишментот, на спротивната страна во однос на водечките финансиски лидери, кои се загрижени дека тие пари се “валкани” и ги предупредуваат инвеститорите дека криптовалутите се “балон”.

Џејми Димон, главен извршен директор на “JP Morgan”, еден од најгласните противници на криптовалутите неодамна изјави дека “жали што биткоинот го нарече измама”.

Многу банки одбиваат воопшто да стапат во контакт со криптовалутите, а некои институции од Велика Британија, одбиле да одобрат хипотека на клиентите кои сите нивни недвижнини ги платиле со криптовалути, бидејќи е невозможно да се следи потеклото на парите.

Сепак, многу големи финансиски институции вложуваат многу пари и време во истражување на “blockchain” технологијата со цел да ги подобрат различните услуги. Според “Фајненшл тајмс”, веќе постојат индиции дека криптовалутите имаат свое место и на Вол Стрит како “Биткоин фјучерси”. Голдман Сакс и Морган Стенли одобруваат такви договори со клиентите, додека водат грижа тие самите да не тргуваат директно со криптовалутите и да не ги чуваат за клиентите.

Во меѓувреме, забрзано расте интересот на инвеститорите за “blockchain” стартапи и иницијална понуда на криптовалутите. Иницијалните понуди (ICOs) привлекоа 3,4 милијарди долари за старт-ап инвестиции, но на сосема нерегулиран пазар. Наместо IPO(Initial Public Offering) во акции, и големите ИТ компании, како што е апликацијата “Telegram”, се решени да соберат средства преку ICO (Initial Coin Offering), издавање на криптовалути, наместо издавање на акции.

Банките во оваа приказна се сосема екстремни, вели Оливие Бускман, поранешен директор во УБС Банка. Ова веројатно е и причината зошто банките ги повикуваат пратениците да се справат со нови валути.

– Не можеме да негираме дека работите се менуваат. Светот ќе користи криптовалути за 10 години, но тоа треба да се регулира. Ова е клучот – рече Беноа Легран, шеф на иновативната канцеларија на холандската ИНГ банка.

Ентони Џенкинс, поранешен шеф на “Барклис”, кој се залага за “blockchain” технологијата, смета дека влијанието врз финансискиот свет и парите ќе биде “длабоко”.

– Ако можете да замислите свет со само една глобална дигитална валута, замислете какви бенефиции ќе имаме и колку само трошоци ќе излезат од системот. Ова можеби е далечна иднина, но мислам дека не е премногу далечна “, вели Џенкинс.

 

Треба да знаете
Последни објави