Search

Делови од Карпош, Сарај и Шуто Оризари утре без струја

Делови од Карпош, Сарај и Шуто Оризари утре без струја

Корисниците од дел од улицата бр.20 од село Сарај, утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Индира Ганди“ – подулица „31“, „Пелагонија“ и „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари, а од 10:30 до 14:30 часот, корисниците од улиците „Стогово“ на потегот од бр.21 до бр.27 и „Козле“ од бр.28 до бр.54 во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

 

Треба да знаете
Последни објави