Search

Движењето Беса од групата на Касами е новиот претседател на советот во Чаир

Движењето Беса од групата на Касами е новиот претседател на советот во Чаир

Џемиле Мехмети, советничка од движењето Беса од групата на Биљал Касами, е новата претседателка на.Советот на Општина Чаир. Таа и уште еден советник кој е поддржувач на Касами преминаа во редовите на коалицијата СДСМ-ДУИ со што се овозможи да се надмине кризата за избор на претседател на Советот. 

Така, за Мехмети гласаа 9 советници на ДУИ, 4 на СДСМ и 2 од Беса. Седницата ја напуштија шестмината советници од Беса лојални на скопската група, како и советниците на Алијанса за Албанците и на ВМРО. 

На локалните избори во Чаир победи Висар Ганиу, заедничкиот кандидат на ДУИ и на СДСМ, но општината беше блокирана, откако советниците не можеа да изберат претседател на општинскиот совет.

Разврската во Чаир се смета за значајна победа на групата на Биљал Касами, иако тензиите во партијата продолжуваат.

Треба да знаете
Последни објави