Search

ЕП ракомет 2018: Полицијата ги предупреди Хрватите, национализмот строго е забранет

ЕП ракомет 2018: Полицијата ги предупреди Хрватите, национализмот строго е забранет

Хрватската полиција од далматинскиот сектор денес издаде соопштение со кое ги предупредува навивачите да ги почитуваат правилата за време на ракометниот дуел меѓу домаќинот Хрватска и Србија со кој в петок почнува Европското првенство 2018.

Како што е наведено, предниот дел на салата ќе биде блокиран од 15 часот, пет и пол часа пред почетокот на средбата, а покрај стандардната забрана за носење оружје и консумирање алкохол, посебен акцент се става на забрана на националистички и шовинистички пораки.

„Забрането е да се внесуваат и прикажуваат банери, знамиња или други предмети со текст или слика, лого или други симболи на кои се изразува омраза или насилство врз основа на расна, етничка, регионална или верска припадност. Исто така, пеење на песни со содржина која поттикнува омраза или насилство не е дозволена“, се вели во соопштението.

 

 

Треба да знаете
Последни објави