Search

Мијалков не бил надлежен врз „алфите“ и затоа не може да биде обвинет за тортура врз Бошкоски, напишала судијката

Нема oснови на сомнение дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е поттикнувач на тортура против ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, напишала судијката Моника Бахчовановска во оценката на обвинението во предметот „Тортура“, 

Судијката одлучила за тортура да одговараат само „алфите“, а не и Сашо  Мијалков, бидејќи во време на апсењето на Бошкоски, Мијалков бил шеф на УБК, а надлежност за давање команди на „алфите“ имале одговорни лица од Бирото за јавна безбедност. Во образложението е напишано дека само од „бомбите“ не може да се утврди дека Мијалков нарачува тортура. СЈО пак во обвинението ги предложило Љубе Бошкоски како оштетено лице, но и загрозен сведок кој би дал исказ под псевдоним во судот.

СЈО поднесе жалба на оваа одлука на судијката Бахчовановска, а сега на потег се апелациските судии, кои треба да ја поништат, потврдат или преиначат одлуката на судијката. 

Треба да знаете
Последни објави