Search

МВР во акција за апсење на улични дилери на дорга

25 улични препродавачи на дрога паднаа во голема полициска акција. Во 6-часовниот претрес МВР утрово заплени поголема количина дрога, оружје и магнетни картички. Најголемиот дел од приведените се наоѓаат во полициска станица, додека останатите по кои полицијата трагала подолго време се веќе спроведени во истражни затворски одделенија.

„Во акцијата одземени се 49 паковски хероин, околу 1,8 кг марихуана, таблети екстази, една паковка амфетамин и една грутка хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две самоделски пушки, еден гасен пиштол и една ловна пушка и 28 куршуми. Одземен е и еден компјутер и 324 бланко магнетни картички“ вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

По целосно документирање на случаите, Министерството за внатрешни работи ќе поднесе и кривични пријави. Приведените лица се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, „недозволено тргување со оружје“ и „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.  

Треба да знаете
Последни објави