Search

И вечерва протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и вечерва со протест пред Министерството за правда побара ослободување на приведените пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со собирот сакаат да дадат поддршка на како, што оцени, „неправедно приведените сопартијци“.

Бараме итно да се ослободат оние кои се неправедно обвинети и овој политички прогон и реваншизам да заврши, рече Нацев на протестот на кој со партиски активисти присуствуваше и Никола Груевски, кој завчера поднесе оставка од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, против притворањето на пратениците ВМРО-ДПМНЕ организираше блокада на крстосницата помеѓу улиците „Васил чакаларов“ и „Ангел Динев“.

Како што истакна Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, со протестот го изразуваат револтот од, според неа, политичкиот реваншизам кој што се случува во државата.

Протест пред Министерството за правда е најавен и за утре во 18 часот.

Треба да знаете
Последни објави