Search

Одземен имунитетот на шестмина пратеници

Одземен имунитетот на шесте пратеници од опозицијата. Следува решение на Судот за притвор. Во знак на протест, продолжуваат блокадите. Политичка фарса, смета пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги потпиша одлиуките за симнување на имунитетот на 6-те пратеници и ги проследи до Кривичниот суд. Парламентарното мнозинство претходно го одобри барањето на судот за одредување притвор за народните избраници, осомничени од Јавното обвинителство за учество во настаните во Собранието на 27-ми април. Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Законот мора да важи подеднакво за сите, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Тунтев. Артан Груби од ДУИ, рече дека настаните од 27-ми април не смеат да се повторат.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата. Ја оценија како политичка фарса, чија цел се реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно.

Желбата на СДСМ е да имаат апсолутна и неконтролирана власт во Република Македонија, велат од опозициската партија. СДСМ очигледно не сака во Македонија да постои опозиција, која што со свест и совест треба да се спротиставува на штетни политики, децидни се во ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на кои им е одземен имунитетот ја задржуваат функцијата сѐ до правосилноста на одлуката на судот.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави