Search

Заврши распитот на Чавков и уште пет лица, се чека решението за притвор

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков кој утрово беше приведен за настаните од 27 април, дал исказ пред судија на претходна постапка.

Како што неофицијално дознаваме, во судот завршен е распитот и на уште петмина други од групата приведени. По сослушувањето, судијата на претходна постапка има рок од најмногу шест часа да им го врачи решението за одлуката за притвор на осомничените.

Како што неофицијално дознаваме, мерка притвор е побарана за сите 36 лица за кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал издаде наредба за приведување.

Утрово околу 6 часот дел од приведените, меѓу кои и Чавков беа донесени во Кривичниот суд. Пратеникот Крсто Мукоски во судот со полициско обезбедување беше спроведен неколку часа подоцна, а во судот по започнување на протестот на кој повика Никола Груевски, пристигна и осомничениот Богдан Илиевски кој со кренати раце без лисици и со полициска придружба влезе во судот.

Основното јавно обвинителство се уште не излезе со официјално соопштение за колку лица е побарана мерка притвор. Од таму еднинствено беше соопштено дека е издадена наредба за приведување на 36 лица за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Треба да знаете
Последни објави