Search

На Момин Поток не се топи олово

Ќе се прават дополнителни испитувања во лабораторија, по што ќе се одлучи какви мерки ќе се преземат.

Во топилницата во Момин Поток, за која имаше контроверзни гласини и шпекулации, не се топи олово. За поточни сознанија, наложено е лабораторија да изврши специјализирани мерења на емисијата на гасови од фирмата во присуство на претставник од Државниот инспекторат за животна средина.

Ова го соопштија од Општина Карпош откако денес нивен инспектор заедно со колеги од Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина биле во посета на индустриската зона на Момин Поток.

Посетата на индустриската зона е дел од засилената акција што ја започна локалната власт за расчистување на мини депониите и контрола на потенцијалните загадувачи.

„На средбата во индустриската се разговараше и за комуналниот и градежен отпад кој е воочлив во овој дел на Карпош. Општината започна да ги чисти мини депониите на повеќе локации, но,освен тоа, за да не се повторува трупањето отпад, потребно е подигнување на јавната свест за да спречиме идно загадување„, соопштија од Општина Карпош.

Како што додаваат, ќе има уште една средба од едукативен карактер со управителите на фирмите од Момин Поток.

Треба да знаете
Последни објави