Search

Кучиња предизвикале две сообраќајки на автопатот Тетово-Гостивар

Во двете сообраќајки за среќа нема загинати.

Две сообраќајки со кучиња скитници што поминале без повредени лица, а со материјална штета од околу 40 илјади денари се случиле вчера на автопатот Тетово-Гостивар информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци првата сообраќајка се случила во близина на клучката за Жеровјане околу 12 часот кога патничко возило „мерцедес“ со хрватски регистерски таблици што го управувал Ј.Е.(47) од Камењане, удрило и усмртило куче-скитник кое се движело по коловозот. Немало повредени во возилото додека причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари.

Три часа подоцна на автопатот во близина на клучката за Тумчевиште патничко возило „рено клио“ со гостиварски таблици управувано од Џ.Ш.(42) од Градец исто така удрило и усмртило куче -скитник. 

 

Треба да знаете
Последни објави