Search

И Богдановиќ ветува дека ќе ја урива терасата на зградата на ВМРО-ДПМНЕ

Богдановиќ како Жерновски, ќе ја проверува терасата од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Новиот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ ветува дека ќе ја заврши работата која не ја заврши неговиот претходник Андреј Жерновски во однос на легалноста и уривањето на терасата од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Центар уште пред една година утврди дека терасата од т.н. „бела куќа“ на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба. Богдановиќ вели дека ќе бара и кривична одговорност од оние кои дозволиле да се гради.

Освен тоа, надлежните од општина Центар ги проверуваат и документите за изградба на мостот Око, на Градска куќа, хотелот Мериот, споменикот на Мајка Тереза… За Богдановиќ немаа никакво сомневање дека бил направен криминал, но за сега не открива осомничени.

Се најавува дека наредната недела Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради ќе добие решение за да го отстрани споменикот на Андон Лазов Ќосето од пред судовите. Овој споменик беше донациоја од ова здружение на градот. 

Треба да знаете
Последни објави