Search

Ден Дончев за „Фокус“ открива како фирма на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови од Турција

Tурската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар.

Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз. Уште пострашно, доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година.

Овие шокантни наводи за паралелниот увоз на лекови ги изнесува директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, во ексклузивното интервју за „Фокус“. Тој делумно открива и кој најмногу ќарил од воведувањето на паралелниот увоз:

„Три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот на паралелен увоз и се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер Никола Груевски.

Интервјуто со Ден Дончев прочитајте го во утрешниот број на неделникот Фокус

Треба да знаете
Последни објави