Search

Делови од Бутел утре без струја

Од 13 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Александар Турунџиев, Ферид Бајрам од број 31 до 48, Рокомија и ОУ „Панајот Гиновски“ во општина Бутел.

В понеделник без струја од 8.30 до 12./30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата Никола Русински во општина Карпош, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците Рељо Шестокрило, Диме Мечето и Метохиска во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 9.30 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Гази Баба, скопското село Идризово, бензиската пумпа на „Лукоил“ и викендиците.

Од 11.30 до 14 часот без снабдување со струја ќе останат корисниците од село Ржаничино и фирмата „Кобу Продукт “ во општина Петровец.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот. 

Треба да знаете
Последни објави