
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга.
Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило.
Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта.
Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки.
Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи.

