Search

Џорџ Клуни им дал пари на блиски пријатели за кои сметал дека се заслужни за неговата кариера

Во 2013 година, актерот Џорџ Клуни им поделил 1.3 милион долари на 14 свои пријатели затоа што сметал дека тие биле заслужни за неговиот успех во Холивуд.

Во интервју, тој откри дека решил да им даде на блиските пријатели огромна сума пари како благодарност што го поддржале во неговите подеми и падови.

“Амал и јас штотуку се запознавме, но воопшто не се дружевме. Бев осамен. Сите стареевме. Тогаш имав 52 години или нешто повеќе, а речиси сите мои пријатели се постари од мене. За „Гравитација“ не сакаа да ни платат, ни дадоа процент од филмот затоа што мислеа дека ќе биде неуспешен, и тоа се покажа како одлична зделка,“ рече Клуни во разговор со магазинот „Џи-кју“.

„И си помислив, она што имам се овие момци кои сите, во период од 35 години, ми помогнаа на еден или друг начин.“

„Спиев на нивните каучи кога бев без пари. Ми позајмуваа пари кога бев шворц. Тие ми помагаа кога ми требаше помош со текот на годините. И им помагав низ годините. Сите сме добри пријатели. И си помислив, без нив немам ништо од ова.“

Треба да знаете
Последни објави